Фото: Pixabay
Хотелот InterContinental во Букурешт, во соработка со технолошката компанија Tink Labs Limited од Хонг Конг, на своите гости им овозможува бесплатно користење на иновативниот мобилен телефон Handy, пишува Romania Insider.
Станува збор за паметен телефон што гостите може бесплатно да го користат за време на нивниот престој во или надвор од хотелот.
Со помош на Handy, гостите на хотелот може да обавуваат бесплатни локални и меѓународни повици, да имаат бесплатен пристап до интернет, да имаат можност за брзо бирање на хотелски услуги, пристап до локални служби за итни ситуации, како и да добиваат основни туристички и патни информации. Со помош на паметниот телефон, гостите имаат на располагање и туристички водичи за неколку градови во Романија.
Handy е веќе достапен во 70 градови, а го користат над 18 милиони туристи ширум светот. InterContinental планира ова иновативно решение да биде достапно на околу 75.000 гости.