Хотели Метропол првите три месеци од 2017-та ги заврши со загуба од 14 милиони денари

38

metropol-hotel-ohrid-580x229

Хотели Метропол од Охрид првото тримесечје од 2017 година прикажа загуба во висина од 14.082.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Во периодот од 01.01.2017 до 31.03.2017 година, Хотели Метропол од Охрид во своето работење бележи зголемен број на ноќевања од 1,38% во однос на истиот период од 2016 година или остварени 3.580 ноќевања, притоа остварен е негативен финансиски резултат во износ од 14.082.671 денари“, стои во Образложението за остварените резултати.

Истото тримесечје лани, компанијата оствари вкупна сеопфатна загуба од 15.763.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со крајот на март 2017 година достигнаа 7.713.000 денари.

Хотели Метропол располага со три хотели со класа четири ѕвезди сместени во крајбрежјето на Охридското езеро: Хотел Метропол- капацитет од 110 соби, шест апартмани, Хотел Турист- хотел со три ѕвезди, 88 соби, Хотел Белви – со четири ѕвезди, 170 соби, четири апартмани.