Хотели Метропол со добивка од 12,4 милиони денари ја завршија претходната година

48

hotel-metropol

Хотели Метропол од Охрид прокнижи добивка од 12.472.000 денари, покажува годишниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – декември 2015 година, компанијата прикажа добивка од 26.456.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2016 година, достигнаа 136.239.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 159.309.000 денари.

Хотели Метропол располага со три хотели сместени на крајбрежјето на Охридското езеро: хотел Метропол, хотел Турист и хотел Белви.