Хотелите во Египет повторно работат со полн капацитет

51

Хотелите во Египет повторно можат да работат со полн капацитет, притоа почитувајќи ги строгите мерки против корона вирусот, најави помошникот министер за туризам на таа земја, Абдел Фатах ал Аси.

Како што изјави за Ројтерс, одлуката веќе стапила на сила.

Хотелите во Египет работат од јули со 70 отсто од капацитетот поради правилата воведени поради пандемијата на корона вирусот, пренесува агенцијата Танјуг. Затоа, оваа зима Египет ќе биде уште една можна дестинација за одмор и бегство во потоплите региони.