Хотелски соби претвораат во канцеларии за да ја преживеат кризата

110

Лошата туристичка сезона ги принудува луѓето од оваа дејност да се снаоѓаат како знаат и умеат. Во српската престолнина некои хотелиери собите ги претвораат во канцеларии и така ги издаваат. Интерес за такво нешто постои, но, како што пренесуваат српските медиуми, тоа нема да им помогне да ги покријат штетите предизвикани од пандемијата.

Ваквата практика не е нешто ново во Србија, бидејќи такво нешто се правело и во 90-тите години од минатиот век, кога хотелските соби биле испразнети поради санкции и многу хотели станале фирми.

“Хотел со четири ѕвезди е скап, од вода, струја и сите други трошоци, кои се далеку поголеми од било кој деловен простор. Хотелите би можеле да се користат и за престој на семејства, самци или да функционираат како студентски домови. Но, ништо од тоа не претставува долгорочно решение. Нашиот стандард не би дозволил хотелите во градот да работат на таков начин, бидејќи се најчесто од повисока категорија. Покрај тоа, голем е бројот на луѓе кои работат од дома, па дополнително се намалува потребата за деловен простор и тоа за најмалку 50%. Зошто некој би плаќал за 500 квадрати, ако може многу помалку луѓе да бидат во канцеларија, а останатите да работат од дома“, смета Ѓорги Генов, претседател на Hores.

“Кај нас околу 30 соби се претворени во канцеларии и има заинтересирани. Истото ова го правевме и во 90-тите години, кога имаше голема криза во хотелскиот бизнис. Многу хотели тогаш од собите правеа канцеларии. Освен тоа на располагање имаат ресторан, фитнес центар…“, вели еден белградски хотелиер.

Фото: Pixabay