Храна што го подобрува репродуктивното здравје

425

skolki

Фото: Pexels

Начинот на исхрана може да придонесе за проблеми во репродуктивниот систем, кои пак можат да доведат до неплодност. Затоа е многу важно каква храна внесуваме во организмот.

Здравјето започнува со првиот залак, а колку помалку внимаваме на исхраната, толку се поголеми шансите за појава на одредени болести.

Нутриционистите се едногласни и ги препорачуваат следниве намирници кои со своите состојки помагаат во борбата против неплодност.

Лосос

Овој вид на морска риба е богат со селен, којшто произведува антиоксиданси кои не дозволуваат кршење на хромозомите.

Бадеми

Витаминот Е што се наоѓа во бадемите особено помага за репродуктивното здравје кај мажите.

Банани

Бананите изобилуваат со хранливи состојки, од кои најважна за зголемување на плодноста е витаминот Б6. Доколку истиот не е застапен во нормални количини, се јавува хормонален дисбаланс, како кај жените така и кај мажите.

Школки

Истражувањата покажуваат поврзаност помеѓу недостаток на витаминот Б12 (што го има во школките) и абнормалното ниво на естроген. Овој витамин  исто така го зацврстува ендометриумот, со што се намалува ризикот од спонтан абортус.

Аспарагус

Магичната состојка во овој зеленчук е фолната киселина која е позната по своите благодетни дејства, пред и за време на бременост. Таа има голема улога и во одржување на овулацијата.

Цитрусни овошја

Витаминот Ц кој најмногу е застапен во цитрусните овошја (лимон, портокал, цитрон) ја зголемува плодноста кај мажите. Два пати по 1.000 милиграми од овој витамин дневно значително го подобрува репродуктивното здравје кај мажите.

Грашок

Цинкот што го има во грашокот многу влијае за зголемување на подноста, особено кај мажите. Недостаток од цинк кај жените може да предизвика хормонален дисбаланс.