Храната поскапува пет месеци по ред

67

Цените на храната пораснаа во октомври што петти месец по ред и сигнализира дека светот закрепнува од шокот што го остави пандемијата, објави агенцијата за храна и земјоделие на Обединетите нации.

Индексот на цени на кошницата на основни прехранбени производи во октомври се зголеми за 3,1 поен во однос на вредноста во септември на просечни 100,9 поени, што е највисоко ниво од почетокот на годината.

Цените на житарките пораснаа за 7,2% во однос на септември, а цената на пченка достигна највисоко ниво во последните шест години, пред сè поради зголемената побарувачка од Кина.

Во споредба со октомври минатата година, житарките поскапеа за повеќе од 16%.

За 7,6% има пораст кај цената на шеќерот, поради очекуваниот пад на производството на шеќер во Бразил и Индија, што се двата најголеми производители на шеќер.

Цените на млекото и млечните производи во октомври пораснаа за 2,2%, во најголем дел поради поскапување на сирењето.

Околу 2% има пораст кај растителното масло за јадење, на чиј скок најмногу влијае поскапувањето на палминото и соиното масло.

Фото: Freepik