Хрватите и Бугарите трошат само за најосновното

10

dolacСпоред анкетата за потрошувачката во домаќинствата, граѓаните на Хрватска, поради штедење или други причини, во просек буквално помалку јадат. Се помалку купуваат месо, млеко и слатки, а повеќе купуваат пекарски производи и зеленчук.

По минатогодишниот позабележлив пад на стандардот на граѓаните, ни оваа година не се очекуваат промени, а се проценува дека реалниот доход ќе падне дополнителни 2% до 3%. Падот на вкупните примања резултираше и со пад на вкупната потрошувачка.

Хрватите најмногу штедат на облека и обувки, а од година во година се намалува сумата што ја трошат за нов мебел, покуќнина и одржување, како и за трошење по ресторани и хотели.

И Бугарите трошат само за најпотребното и се воздржуваат од купување облека и бела техника. Како резултат на тоа, многу компании од овие сектори се на граница на опстанок. Само минатата година банкротирале 1.400 мали и средни фирми, покажуваат податоците. Дури и во ИТ секторот, кој традиционално се смета за просперитетен во Бугарија, фирмите работат со потешкотии.

Според статистиката, за една година во Бугарија е забележан пад на потрошувачката за 5,5%.