Скоро половина од анкетираните, 47%, се најпродуктивни на почетокот на работниот ден, покажува анкетата за продуктивност на работа во текот на денот, што ја спроведе МојПосао на 1.000 испитаници во Хрватска.
Кон средината на работниот ден, најпродуктивни се околу 28% од испитаниците. Пред да дојдат колегите или откако сите ќе си заминат, е најпродуктивното време за работа на околу 15% вработени кои сакаат да работат додека се сами, а пред крајот на работното време, најпродуктивни се само 9%.