Хрватска: 97% од произведеното млеко е прва ЕУ класа

21

milch

Од млекото произведено во Хрватска, 97% е прва ЕУ класа, со што оваа земја е во врвот со оние со најквалитетно млеко, порачуваат од Здружението на хрватски откупувачи и преработувачи на млеко Кромилк, јавува ХРТ.

Во 2013 година, во Хрватска е произведено околу половина милион тони млеко. Хрватските крави во просек даваат околу 5.000 литри млеко годишно, што ги прави неконкурентни и ниско продуктивни, но 97% од произведеното млеко е со највисок квалитет, додека просекот на ЕУ е 90%.

Во Европа потрошувачка на млеко е околу 29%, а европските граѓани годишно конзумираат 277 килограми. Најмногу млеко се троши во северна Европа. Сирење најмногу конзумираат во Луксембург и Франција, околу 25 килограми по жител годишно.

Годишно во светот се произведуваат околу 700 милијарди литри млеко.