Хрватската влада даде согласност Националниот парк Бриони да плати консултанти кои до есен ќе помогнат да се најде инвеститор кој осторовот Големиот Брион ќе го лансира во врвот на светскиот туризам. За пронаоѓање на инвеститор Владата ќе плати 850.000 евра за консултанти кои ќе бидат избрани по критериумите искуство, адекватност на планот, квалификации и цена.
“Со овој проект се планираат големи инфраструктурни проекти, редизајн на туристичката понуда и содржини. Неговата вредност се проценува до 260 милиони евра. Поставени се високи услови за заштита на животната средина и природата, а инвеститорот ќе ги добие угостителските објекти под концесија”, изјави министерот за заштита на животната средина, Михаел Змајловиќ, пренесуваат хрватските медиуми.
Министерот за туризам Дарко Лоренцин очекува во трката за Големиот Брион да се вклучат инвеститори како Ritz Carlton и Four Seasons.