Хрватска: Далматинските претприемачи го зголемија профитот за една година за 70%

27

Минатата година, далматинските претприемачи ја завршиле годината со нето добивка од нешто над 400 милиони евра, што е зголемување од 70% во однос на претходната, кога заработиле 235,4 милиони евра, пишува SeeBiz.

Сите четири жупании од Далмација работеле профитабилно и оствариле раст. Најголема добивка од 227,2 милиони евра има Сплитско-далматинската жупанија, каде што работат 76.855 работници во 13.211 претпријатиа, што претставува зголемување за 48%. Во однос на добивката таа е најуспешна далматинска жупанија, и на севкупната хрватска листа е веднаш зад градот Загреб, чиишто претприемачи минатата година ја завршиле со добивка од 1,69 милијарди евра, што е 9% намалување во однос на 2016 година.

Економската слика на Хрватска и понатаму ја карактеризира голема разлика во развиеноста на одредени регии-жупании. Од вкупната нето добивка за 2017 година која изнесува 2,9 милијарди евра, дури 80,2% се оствареи во четири жупании и тоа градот Загреб, Загребската жупанија, Сплитско-далматинската и Приморско-горанската жупанија. Овие четири жупании во Хрватска опфаќаат 59,3% од вкупниот број на претприемачи.

Според статистичките податоци, секој трет претприемач во Хрватска има загребска адреса, а секоја втора куна чиста добивка на хрватските претприемачи е остварена во Загреб.

Фото: Pixabay