Хрватска: Џимиринки наместо кикиритки или чипс во кафулиња

96

cvarki-facebook

Фото: Facebook

Семејниот бизнис Frelimo од Самобор, Хрватска, се занимава со производство на џимиринки, а нивниот производ ќе се најде во кафулињата, каде што ќе се служи со пиво и ќе ги замени кикиритките и чипсот, пишува Zagrebacki.hr.

“Пред седум години започнавме со џимиринките, бидејќи сè уште немаше од домашно производство на нашиот пазар, што беше добра прилика. Ние џимиринките ги произведуваме од увозни суровини од Данска бидејќи кај нас не може да најдеме доволно суровини, пред сè сланина со изедначен квалитет и понуда“, вели Мирослав Матаушиќ, сопственик на Frelimo.

Компанијата годишно произведува 50 тони џимиринки во Самобор, а најголем интерес за продажба има во Загреб, Риека и Истра.

Цената на џимиринките надминува и 20 евра за килограм. Во кафулињата, џимиринките ќе се послужуваат во лименки од по 100 грама, а цената ќе биде околу две евра. Планот е овие лименки да почнат да се нудат на гостите од септември оваа година.