Договор за заем во износ од 20 милиони евра од Светска банка (СБ) за Проект на претприемачки капитал за иновации и претприемништво со кој ќе се основа првиот хрватски Venture Capital (VC) фонд беше потпишан вчера во Загреб.
Целта на проектот е зајакнување на финансирањето на иновативните мали и средни, како и новооснованите претпријатија со ризичен капитал, но и да се зајакне приватниот сектор, неговата продуктивност и конкурентност, пишува Банка.хр.
Во рамките на проектот ќе се основа и фонд за поттикнување на инвестирање во капитал во рана фаза на финансирање, кој ќе обезбеди помали износи за финансирање со ризичен капитал, заедно со инвеститорите на пазарот, како бизнис ангели и инкубатори.
Фондот ќе биде регистриран како затворен фонд. Ќе биде десетгодишен, доминиран во евра, со можност за продолжување за две години. Финансирањето е јавно и приватно, во размер што е во согласност со правилата на ЕУ за државна поддршка, што значи најмалку 40% приватен капитал. Нето износот што ќе биде на располагање од заемот за инвестирање на фондот во проекти е 12 милиони евра јавни средства и најмалку осум милиони евра приватни средства, што е вкупно 20 милиони евра.
Се очекува фондот да изврши околу 20 инвестиции.