Хрватска: Дури 45% од кандидатите за работа би се согласиле на пониска плата од очекуваната

10

Job interview young woman with business team

Една од важните работи за кои се преговара кога сакате да почнете со работа во некоја фирма е платата. Хрватскиот портал за вработување MojPosao спроведе анкета на повеќе од 1.600 испитаници, како изгледа кога на разговор за работа се отвора темата за плата.

Дури 45% од анкетираните се подготвени да ја прифатат платата што ќе им ја понуди работодавачот, дури и ако е пониска од очекуваното. Иако не се задоволни, тврдат дека “немаат избор” или се согласуваат на пониска понуда надевајќи се дека со време ќе добијат покачување.

Нешто помалку, околу 33% од анкетираните ќе преговараат додека не ја договорат очекуваната сума, а доколку не успеат да се договорат, нема да ја прифатат работата. Тоа се главно испитаници кои веќе имаат работа и подготвени се да најдат нова за повисока плата.

Најмалку испитаници, 22%, ќе се обидат да преговараат, а ако не успеат, ќе се согласат и на пониска плата, доколку работата сама по себе нуди други погодности.