Хрватска: Дури 82% од анкетираните бараат работа преку огласи

41

looking for work

Барањето работа е “работа со полно работно време”. Сепак, важен е и начинот на кој се бара работа. Хрватскиот портал МојПосао спроведе анкета над 400 испитаници и провери на кој начин граѓаните доаѓаат до работа, пренесува Пословни дневник.

Очекувано, најмногу испитаници (82%) бараат работа преку прегледување на огласи. Отворени молби праќаат 8% испитаници, затоа што сметаат дека така можат да допрат до поголем број потенцијални работодавачи. Преку пријатели/познаници, работа бараат 6%, затоа што сметаат дека тоа е најбрзиот и најлесниот начин да се најде работа. Социјалните мрежи за барање работа се популарни кај 3% испитаници, додека на саеми за кариера работа бараат 1% од испитаниците.