Хрватска го продолжува рокот за забрана на продажба на земјоделско земјиште на странци

50

niva

Ќе се продолжува рокот за забрана за продажба на земјоделско земјиште на странци во Хрватска, затоа што сè уште нема услови за тоа, вели хрватскиот министер за земјоделие Давор Ромиќ, пишува Пословни дневник.

Со пристапувањето на Хрватска во Европската унија, одредено е дека во третата година од членството ќе се преиспита мерката за продажба на земјоделско земјиште на странци. Хрватска може продажбата да ја одложува максимално седум години од влегувањето во ЕУ.