Словенија и Хрватска ќе ја отворат границата во мај за сопствениците на недвижнини од другата страна, а во јуни за сите туристи.
Ова е резултат на договорот меѓу министерот за здравство на Словенија, Здравко Почивалшек и хрватскиот министер за туризам Гари Капели, кои се согласија да ги отворат границите и да го заживеат туризмот во две фази.
Првата фаза би можела да започне до крајот на мај, кога реципрочно би дозволиле гранични премини за сопственици на имот и бродови во другата држава, а во втората фаза, која може да започне најверојатно во втората половина на јуни, ќе бидат дозволени и други туристички патувања.
Предлозите ќе бидат доставени на одобрување до владите на двете држави, пренесува РТВ Словенија.
Инаку, Словенците поседуваат околу 110.000 приватни недвижнини и бродови во Хрватска. Минатата година скоро 1,6 милиони Словенци ја посетиле Хрватска, а оствариле 11 милиони ноќевања.
Фото: Pixabay