Хрватска и Словенија се договорија околу спорот за Љубљанска банка

53

ljubljanska-bankaХрватска и Словенија постигнаа договор за решавање на спорот околу Љубљанска банка, со што е отстранета и последната пречка за влез на Хрватска како полноправна членка на Европската унија на 1 јули.

Хрватскиот шеф на дипломатија Весна Пусиќ и словенечкиот државен сектретар Тоне Кајзер утрово парафираа Меморандум за согласност меѓу владите на двете држави.

Во Меморандумот, меѓу другото стои дека двете земји се согласни да се најде решение во рамките на Договорот за сукцесија. Владата на Хрватска ќе обезбеди стопирање на сите судски постапки што ги започнале Загрепска банка и Привредна банка Загреб во врска со пренос на девизна заштеда.

Договорено е и до крајот на овој месец, словенечкиот парламент да го ратифицира пристапниот договор за влез на Хрватска во ЕУ.