Хрватска има нова чартер авиокомпанија

50

Хрватскиот стартап ETF Airways годинава планира да започне работа со чартер летови од јадранскиот брег кон европските дестинации. Авиокомпанијата е регистрирана во ноември 2020 година и планира да користи авион Boeing 737-800. Компанијата е во процес на ангажирање на кабински екипаж и ќе има седиште во земјата и странство, пренесува порталот Exyuaviation.

“ETF Airways е нов хрватски чартер превозник што сака да ја подобри врската на јадранските градови со европски и други дестинации. Во моментов, ние бараме нови членови на нашето летачко семејство”, изјавија од компанијата.

Компанијата планира да понуди и услуги за wet-leasing, односно давање на авиони под закуп.

Фото: Pixabay