Хрватска иновација: Прв мобилен хостел во светот

22

1

Миховил Гргуриќ и Тин Видовиќ од Осиек, Хрватска, се иноваторите на проектот Nearby Hostel, првиот мобилен хостел во светот. Идејата е едноставна – хостелско сместување на тркала, а според креаторите, ова е решение за проблемот со сместување на посетителите на фестивали, кое е или прескапо или треба да се спие во шатори.

2

Хостелот е посебна структура што се монтира за 30 минути, а од 30 метри се развлекува тројно поголем, во 90 метри, односно во девет соби со 26 кревети и четири санитарни јазли. Секоја од собите ќе има тоалет, паметен туш што заштедува 70% вода, телевизор… Хостелот е потполно енергетски независен, климатизиран, а има и Wi-Fi.

3

Проектот е поставен на платформата за групно финансирање Indiegogo, а тимот се надева дека ќе собере доволно средства за да почне со изградба.