Хрватска: Интернет огласувањето со 27% раст во 2016

51

advertising

Фото: Pixabay

Хрватското здружение на друштва за пазарно комуницирање (HURA) ја објави проценката за инвестирање во водечките хрватски медиуми за 2016 година. Според резултатите на проценка на HURA Media AdEx (Advertising Expenditure), минатата година во закуп на огласувачки простор на водечките медиуми е вложено 201.502.057 евра, што е раст од 2,8% во споредба со 2015 година. Вложувањето во рекламирање бележи раст трета година по ред, а најголем раст на поединечен комуникациски канал од 27% е забележан во интернет огласувањето, стои на интернет страната на HURA.

Раст бележи и вложувањето во телевизиско огласување (2%) и инвестирање во надворешно огласување (2%). Негативен тренд бележат огласување во печатени медиуми (8%) и радио (2%). Според уделот во вкупната инвестиција, доминира телевизијата со 51%, потоа печатот со 17% и интернет огласувањето со 14%.