Во четвртокот хрватската влада ја претстави интернет страницата наменета за извозниците, којашто ќе нуди информации за претприемачите – извозници и за оние кои сакаат да излезат на странски пазари, пишува ХРТ.
На страницата ќе се објавуваат актуелни вести за извозните активности на домашните компании, економските движења важни за извозот, измени во регулативите што се однесуваат на извозот.
Извозниците, но и другите претприемачи преку веб страницата ќе можат да предупредат на евентуални трговски и други препреки на некој странски пазар, да дадат свој предлог за организација на хрватскиот извоз и да поставуваат прашања.
На сајтот меѓу другите информации, ќе има информации за конкретни извозни можности и јавни тендери на меѓународни организации.