Хрватска ја добива првата академија за бизнис ангели

142

Фото: Pixabay

Во дворецот Брачак во хрватскиот град Забок на 21-ви јануари свечено ќе биде отворена првата канцеларија на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (World business angel forum – WBAF) на подрачјето на Европска унија, односно втората WBAF канцеларија на глобално ниво, пишува Пословни дневник.

Дворецот, којшто е стар 130 години, ќе се претвори во прва академија за бизнис ангели во Хрватска, а ќе има за цел да го комбинира образованието со елитен туризам.

“Откако Хрватска како мала земја, од само четири милиони жители, на Светското првенство на Fifa успеа да се избори до финалето, и покажа дека има ‘големи луѓе’, кои се упорни, што е неопходен квалитет во работата, ја поддржав идејата на жупанот на Крапинско – загорскиот регион, Жељко Колар токму во Брачак, дворец со богата историја којшто со помош на технологија и знаење е претворен во едно многу паметно здание, WBAF ја отвори првата канцеларија во Европската унија“, вели Бајбарс Алтунташ, претседател на WBAF, глобален претприемач, бизнис ангел.

Првата услуга што ќе биде понудена во овој хрватски дворец е Меѓународна програмата обука за инвеститори (Qualified business angels certificate QBAC) под името QBAC Bootcamp Croatia.

“QBAC програмата WBAF досега ја спроведуваше на Лондонската берза, а во соработка со канцеларијата за Хрватска ја надградивме со понуда за елитен туризам и како QBAC Bootcamp Croatia ќе ја понудиме на глобалниот пазар“, вели Рената Бркиќ, висока претставничка на WBAF за Хрватска.

За оваа услуга, како што се наведува, постои пазар од над 500.000 бизнис ангели.