Хрватска ќе им продава државјанства на странските инвеститори?

66

pasos hr

Хрватската Влада размислува за своевидна продажба на државјанства на инвеститори кои ќе влезат во Хрватска со сериозни намери, јави вчера телевизијата РТЛ повикувајќи се на извори од Владата и од Министерството за надворешни работи и европски интеграции.

За висината на износот се уште нема одлука, но патоказ би можела да биде Малта, чие државјанство чини 1.150.000 евра. Унгарија за помалку пари на инвеститорите им нуди службен престој, додека Канада и Хонг Конг на деловните луѓе со искуство и капитал им нудат државјанство, јавува РТЛ.