Хрватска ќе објавува листа на срам – попис на работодавци што не дале плата три месеци

27

kuni

По листата на даночни должници, хрватското министерство за труд би требало да објави и листа на срам на работодавци, попис на оние кои три месеци не им исплатиле плати на своите работници, јавува ХРТ.

Се претпоставува дека преку 10.000 фирми за околу 55.000 работници не уплатиле плати ни придонеси во првите четири месеци од оваа година. Повеќето од овие фирми се со еден, фиктивен вработен, што најмногу му штети на пензискиот систем.