Хрватска компанија ќе произведува пловечки сауни

55

Сплитската компанија Advanced Solutions, започнува со нов проект за производство на пловечки објекти (соби, сауни, рецепции) за изградба на хотели на море. Компанијата долги години соработува со данското бродоградилиште Ранд, за кое моментално произведува глисери со различна големина во бродоградилиштето во Кастел Гомилица.

“Веќе правиме калапи, а подготовките треба да ги завршиме за еден месец, за да можеме да започнеме сериозно производство на почетокот на следната година. Станува збор за производство на објекти исто толку сложено како и производството на бродови. Нашите производи се наменети за извоз, но можна е соработка и со хрватски компании, како што е Норд, за да се најдат овие производи и на хрватскиот пазар. Пловечките објекти се сертифицирани за примање на 12 луѓе и се единствени во Хрватска. Во Европа конкуренција ни се неколку производители во Холандија и Полска“, вели директорот на компанијата Давор Павиќ.

Според него, за разлика од камповите кои се на копно и се фиксирани на едно место, гостите во овие објекти ќе може да одберат пловечка понуда во море.

“Ваква понуда постои во Канада и во некои европски земји, а производителите се во Полска и Холандија. Кај нас нема такви понуди, но благодарение на тоа што сме регистрирани како како пловила, гостите ќе може да испловат каде сакаат“, вели тој.