Хрватска: Крема од пчелин отров како природен ботокс

133

pceli

Хрватската фамилија Цуриш, на својот имот во Загорје, е единствената во оваа земја што произведува креми од пчелин отров кој се користи како природен ботокс.

“Кремот не делува веднаш како филерите и ботоксот, но е природен, го поттикнува производството на колаген под кожата и на тој начин кожата се затегнува”, вели Иван Цуриш за RTL.

Освен што е природен ботокс, кремата може да се користи и против псоријаза, акни, артритис, воспаление на нерви, проблеми со кичма.

Кремот се изработува по таен новозеландски рецепт, а чини само 9,3 евра.