Хрватска: Магарешко млеко за лечење на болести на белите дробови

263

mleko

Една од поголемите фарми за магариња во овој дел од Европа се наоѓа во Далмација, Хрватска. Фармата успева да произведе до четири литри млеко дневно, а според конзументите, магарешкото млеко е многу ефикасно против настинки и болести на белите дробови, јавува ХРТ.

По составот е најслично на мајчиното млеко. Официјалната медицина нема коментар, но за нутриционистите, иако нема научни докази, има искуства. Она што е важно е што млекото содржи ензим лизозим, за кој се знае дека има антибактериско дејство, јавува ХРТ.