Хрватска не наплаќа патарина за спасувачите и за хуманитарната помош

97

cestarina

Поради поплавите во источниот дел на Хрватска, Управата на Хрватски автопатишта викендов донесе одлука за ослободување од плаќање на патарина за возилата кои учествуваат во евакуација на населението.

Со оглед на големиот одзив кај граѓаните и организациите, Хрватски автопатишта и Автопат Риека Загреб ќе ги ослободат од плаќање на патарина сите организации и граѓани кои ќе превезуваат хуманитарна помош во загрозените подрачја. Поради евиденција на бесплатните минувања, потребно е да се достави името на организацијата или име и презиме, регистарска ознака и видот на возилото, како и влезната наплатна станица на имејлот на Хрватски автопатишта, пишува Т-портал.