Почетна Новости Хрватска неформално ги отвори границите за туристи пред четири дена

Хрватска неформално ги отвори границите за туристи пред четири дена

41

Хрватска неформално ги отвори своите граници за туристите пред четири дена, пишува загрепски Јутарњи лист, потсетувајќи дека министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ најави дека денеска ќе се донесе одлука за туризмот на ниво на Европската унија.

Јутарњи, повикувајќи се на неофицијални извори, наведува дека токму туристите спаѓаат во категоријата економски интерес и иако тоа никаде не е децидно наведено, тие всушност можат да влезат во земјата.

Фото: Pixabay