Хрватскиот завод за јавно здравство објави препораки за капење во море и препораки за работа на базенски капалишта и водени паркови.
На видливи места на влезот, како и во самиот простор каде престојуваат посетители мора да се постават информации за хигиенските постапки и насоки за правилно однесување и мерки за заштита кои треба да се почитуваат. Ако е возможно, може и преку разглас да се пуштаат пораки, за посетителите да се потсетат на нивните обврски.
Максимален број на луѓе во простор
Максимален број на лица во морските и слатководните капалишта е 15 лица на 100 квадрати.
Физичка оддалеченост
За сите посетители и вработени важи правилото за физичка дистанца од 1,5 метри.
Дезинфекција на раце
На видливи места нужно е да се постават дезинфекциони средства (на база на алкохол во концентрација од 70% или друго средство кое делува на вируси, соодветно за кожа).
Лежалки
Концесионерот треба да ги одвои лежалките овозможувајќи физичка дистанца, да ги дезинфицира лежалките неколку пати дневно, а задолжително откако некој гостин ќе си замине, пред да ја користи друг гостин.
Одлагање на отпад
На сите отворени простори треба да има канти за отпад со капак.
Користење на вода
При престојот во вода да се одржува физичка дистанца од 1,5 метри.
Одржување на хигиена на санитарни јазли
Потребно е почесто да се дезинфицираат санитарните простори, на два часа, а по потреба и почесто.
Фото: Pixabay