Хрватска: Од 1 јануари се укинува нултата стапка на ДДВ

55

Од 1 јануари 2013 година, Хрватска ја укинува нултата стапка на данок на додадена предност (ДДВ) на лебот, млекото, книгите, лековите, ортопедските помагала и кино билетите, кои ќе се оданочат со 5%.

Законот за ДДВ се менува поради усогласување со директивата на Европската унија, а министерот за финансии Славко Линиќ објасни дека 5% е најниската стапка на ДДВ што ја дозволува ЕУ.

Со предложениот закон е предвидено намалување на стапката на ДДВ на пловилата за спорт и рекреација, кои се ставаат во царинска постапка на пуштање во слободен промет до 31 мај 2013 година, а кои претходно беа во постапка на привремен увоз.

Целта на владата е со оваа постапка да ги задржи пловилата во Хрватска и по влегувањето во ЕУ, за приходите од наутичкиот туризам да се задржат на сегашното ниво.