Хрватска од фондовите на ЕУ може да извлече уште еден буџет

55

Во европскиот буџет за периодот од 2014 до 2020 година, за Хрватска се предвидени 13,7 милијарди евра.

“За да ги искористи овие средства, Хрватска во тој период од европските фондови би можела да повлече уште еден национален годишен буџет. Се залагаме тие средства да можеме да ги користиме уште три години почнувајќи од онаа година за која се наменети. Имено, средствата за одредена година можат да се искористат таа, но и следните две или три години, во зависност од постигнатиот договор. Ако не се искористат во споменатиот период, тогаш пропаѓаат”, изјави хрватската министерка за надворешни и европски прашања, Весна Пусиќ.

Со новиот буџет, сите држави членки на Европската унија ќе можат средствата од европските фондови да ги користат уште следните две години. Хрватска се обидува да се избори за исклучок, т.е. за тригодишен наместо двегодишен период во кој ќе може да повлекува пари од европските фондови.