Хрватска: Од јавните претпријатија ќе се отпуштаат 10.000 работници

48

rabotniciОд јавните претпријатија поради програмите за реструктуирање, до средината на следната година ќе си заминат 10.000 луѓе. Предводник во отпуштање е Хрватски железници (ХЖ), потоа следуваат Хрватски автопатишта (ХАЦ), Кроација ерлајнс, Хрватска пошта и останати, најави министерот за море, сообраќај и инфраструктура Синиша Хајдаш Дончиќ на тркалезната маса посветена на реструктуирање на јавни претпријатија.

Коментирајќи ја анализата за минатогодишното работење на 23 јавни претпријатија, која покажува дека приходите паѓаат, а загубите растат, министерот оцени дека во јавниот сектор со години не се вложувало во развој, туку во купување на социјален мир и вештачко задржување на вработеноста, пишува Бизнис.хр.

Главна задача на новите управи на јавните претпријатија е забрзан процес на реструктуирање во соработка со социјални партнери, за да се добијат конкурентни претпријатија способни да остваруваат добивки, а не загуби.

Хајдаш Дончиќ предупреди дека Владата мора да ги почитува европските правила за доделување на субвенции, така што за дел од процесот на реструктуирање ќе треба одобрување од Европската комисија.