Хрватска: Пад на цените на недвижнини за 4,6%

29

Zagreb, 020513- Panorama grada ZagrebaПазарните цени на недвижнини во Хрватска во декември, на месечно ниво, биле пониски за 0,6%, додека во однос на претходната година биле пониски за 4,6%, покажува Индексот на цени на недвижнини на Центарот за недвижнини.

Во декември 2013 година, во однос на ноември, цените на загрепскиот пазар паднале за само 0,2%, додека на годишни ниво паднале 5,3%. Просечната цена за квадрат во Загреб изнесува 1.565 евра, а најскапите квадрати се во централното градско подрачје, каде метар квадратен се продава за 2.202 евра.

Освен во Загреб, пад на цената има и на Јадранот и тоа за 3,7% на годишно ниво. Во декември, куќите на Јадранот се продавале во просек за 1.542 евра за метар квадратен, а апартманите за 1.999 евра за квадрат.