Хрватска: Погон за рециклирање хотелски сапуни во којшто работат лица со инвалидитет

47

sapo

Во хрватскиот град Солин е отворен погон за рециклирање на употребени сапуни, коишто се преработуваат и се создаваат нови, а целокупното производство го извршуваат лица со инвалидитет, пишува Слободна Далмација.

Идејата за рециклирање на сапуни е на директорот на сплитскиот хотел Парк, Јоже Томаш, кој приземјето на семејна куќа во Солин го трансформираше во погон за рециклирање сапуни вреден околу 180.000 евра. Во овој погон работат 46 лица со инвалидитет, кои преработуваат искористени сапуни од повеќе хотели.

Рециклираните сапуни добиваат нова форма и го носат името Сапо. Поголемиот дел од нив може да се користат во домашни услови од 80 грама, но произведуваат и такви од 15 или 50 грама.