Хрватска: Продолжува падот на производство на млеко

32

mlekoПродолжува падот на количеството собрано млеко во Хрватска и на производството на млеко за пиење. Во јануари вкупната количина собрано кравјо млеко била 3,1% помала во однос на јануари 2013 година, а производството на млеко за пиење е паднато за 30,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, пишува Пословни дневник.

Статистичките податоци покажуваат дека во јануари во однос на истиот месец претходната година намалено е и производството на ферментирани производи и павлака, додека зголемено е производството на путер и кравјо сирење.

Државниот завод за статистика податоците за производство на кравјо млеко ги презема од Хрватската земјоделска агенција – Централна лабораторија за контрола на млеко, која врши анализи на откупеното млеко од индустриски и регистрирани мали млекарници во Хрватска.