Хрватска размислува да го зголеми извозот на украинско жито преку своите пристаништа

45

Хрватскиот вицепремиер Давор Бутковиќ изјави дека се разгледува начин како да се зголеми обемот на украинскиот извоз на жито преку Хрватска, а „ограничувачки фактор“ е капацитетот на пристаништето Вуковар.

Откако Русија на крајот на јули се повлече од договорот за извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море, Загреб и Киев постигнаа договор за извоз на украинско жито преку хрватските пристаништа.

Според овој договор, украинското жито преку Дунав доаѓа до Вуковар, а потоа се транспортира до јадранските пристаништа за понатамошен извоз.

Имајќи предвид дека во нашите пристаништа веќе има договорени работни места и изнајмени капацитети, ја разгледуваме можноста за зголемување на постоечкиот извоз на жито од Украина“, изјави министерот за море, транспорт и инфраструктура, пишува Seebiz.

Веќе има дел од украинското жито кое се извезува преку хрватските пристаништа, најмногу преку пристаништето Риека, додаде тој.

Тој посочи дека има „неколку ограничувачки фактори“, меѓу кои се слободните капацитети во пристаништето Вуковар и работите на медитеранскиот железнички коридор што минува низ Хрватска.