Хрватска: Се фрлаат 40.000 тони храна поради неразбирање на рокот на траење

23

Во Хрватска во отпад завршуваат околу 400.000 тони храна, од кои 40.000 тони поради неразбирање на рокот на траење, пренесува Agrobiz.

На глобално ниво, според податоците на Обединетите Нации, се фрла околу една третина од произведената храна, што значи дека во ѓубре завршуваат над една милијарда долари.

“Во развиените земји се фрла околу 40% од храната во фаза на продажба и консумирање, а во земјите во развој 40% во фазата на производство. Најмногу се фрлаат овошје и зеленчук, а потоа риба и месо. На основа на домаќинство, се фрла храна во вредност од околу 1.800 долари, а тоа има влијание и на климатските промени“, вели Дарја Соколиќ од хрватската агенција за земјоделство и храна.