Радмила и Горан Карлиќ од Хрватска во 1994 година започнаа бизнис што се занимава со купување и продажба на тартуфи, како и нивна преработка и продажба.
Неодамна тие создадоа жесток пијалак од овие специфични печурки, пишува Пословни дневник.
“Луѓето сакаат џин, станува сè попопуларен, па заклучокот беше – зошто да не. Работевме на него неколку месеци, направивме 222 лимитирани шишиња чија цена за едно шише е околу 100 евра. Пред три месеци ги претставивме на пазарот, а сега останаа само 20-тина. Луѓето го препознаа производот и добивме многу комплименти и нарачки од целиот свет“, вели Ивана Карлиќ, ќерка на Радмила и Горан.
Тартуфите за џин мора да бидат со совршена форма, па и следната година ќе произведат уште една лимитирана серија од овој пијалак.
Фото: Pixabay