Хрватска: Во екот на сезоната зголемени приходите од патарини

45

avtopat hrvatska

Во текот на изминатиот викенд, од 31-ви јули во втори август, на сите автопати што се во надлежност на Хрватски автопатишта (ХАЦ) забележани се 682.201 возило и наплатена е патарина од 4,6 милиони евра, пишува ХРТ.

Во споредба со истиот период лани, забележан е раст на возилата од 10,2% и 8,4% повеќе патарини.

По автопатот Риека – Загреб во текот на викендот поминаа 313.443 возила, што е за 7,2% повеќе од лани, а кај наплатата на патарини порастот е од 13,1%.