Хрватска: За менаџерите на банките 75% помали бонуси

54

kuniАко се оствари планот на министерот за финансии Славко Линиќ, менаџерите на хрватските банки во иднина нема да можат да делат бонуси повисоки од една четвртина од вкупните примања, пишува Јутарњи лист. Тоа би значело, на пример, ако челникот на некоја банка има годишна плата од еден милион куни (132.000 евра), бонусот не би смеел да надминува 250.000 куни (33.000 евра).

Во “златните” години, вредноста на бонусите достигнуваше и до една ипол годишна плата. За членовите на управите тоа значеше годишна добивка од милион до два милиони куни, во акции или готовина, пишува весникот.

Министерството за финансии веќе ги подготвува измените на Законот за кредитни институции, кој од 1 јули треба да се усогласи со европските правила.