Хрватската индустрија умира во агонија

45

Претседателот на Хрватското здружение на синдикати, Озрен Матијешевиќ оцени дека хрватската индустрија умира во агонија и дека, доколку политиката не превземе иницијатива и одговорност во управување со општото добро, извесна е нејзината смрт. Тој нагласи дека никој не очекува од властите нереални резултати, но дека е тешко да се гледа пасивност и недостаток на иницијатива.

Матијешевиќ смета дека не се прави ништо во врска со отворање на нови работни места. Како пример го наведе бродоградилиштето Краљевица во стечај, во погони што пропаѓаат, а не се донесува никаква одлука за да се продолжи со некаква дејност.

Зборувајќи за можната слична судбина на бродоградилиштето 3 мај, доколку граѓаните и риечките политичари со општо молчење допуштат пропаѓање на истото, тогаш синдикатот ќе го предводи отпорот и за тоа очекува поддршка.

На 22 ноември, на Марков Трг, пред владата во Загреб се најавени синдикални протести за одбрана на работните места.