Хрватската влада во четврток ќе донесе одлука за основање компанија која ќе воведе ред во управувањето со инфраструктурата и дополнително да го либерализира интернет пазарот, пишува хрватски “21. век”.
Владата ќе основа нов телеком кој би требало да обезбеди широкопојасен, брз и евтин интернет во цела Хрватска. Новата компанија на себе би го презела управувањето со слободната оптичка мрежа на државните претпријатија како Хрватски автопатишта, Хрватска железница, Хрватско електростопанство, Плинакро, Јанаф, Автопат Риека – Загреб. Овие компании граделе оптички мрежи за своите потреби, на пример за сигнализација, но поголемиот дел од капацитетот комерцијално не се користи.
Новата компанија не би била оператор и не би се мешала на пазарот на разни услуги, туку на сите под еднакви услови би им нудела наем на мрежата.
Меѓуградската поврзаност во Хрватска во потполност ја држи најголемиот оператор Т – ХТ, па со основањето на оваа нова компанија, би добил силна конкуренција.