Хрватски фирми имаат потреба од 2.000 странски работници

41

Хрватски фирми бараат 2.066 странски работници, најмногу келнери и чистачи, пренесуваат тамошните медиуми.

Од оваа година, во Хрватска не се применува систем на квоти за вработување на странци, туку одлуката кому ќе се одобри, кому не на хрватскиот завод за вработување.

Во овој момент на берзата на труд има нешто помалку од 164.000 невработени, а во јануари пристигнале 206 барања на работодавачи да се спроведе тест на пазарот на труд преку којшто бараат 2.066 работници.

Досега се решени 168 барања за нешто повеќе од 1.000 работници, додека за 33 барања за тест на пазарот на труд, со коишто се опфатени 138 работници, е утврдено дека работници може да се најдат на домашниот пазар и дека не е потребно да се вработуваат странци.

Фото: Freepik