Хрватски градежни компании добија проект од 130 милиони долари во Катар

21

Хрватските градежни компании на почетокот на следната година би требало да започнат со изградба на сала за светското првенство во ракомет што во 2015 година ќе се одржи во Катар, пренесуваат хрватските медиуми.

Проектот е со вредност од 130 милиони долари, а стадионот со големина од 44.233 метри квадратни ќе може да прими 15.000 гледачи. Станува збор за една од најголемите ракометни модерни комплекси изградени досега.

Катар е прва блискоисточна земја на која и е доделено да биде домаќин на светско ракометно првенство. Кандидатурата ја поддржаа земјите од Блискиот исток, Централна Азија и Северна Африка.