Хрватски MojPosao влегува во сопственичката структура на Вработување

53

1

Компанијата Tau on-line d.o.o., која управува со хрватскиот портал MojPosao, влезе со 30% удел во сопственичката структура на водечката компанија за вработување во Македонија, Вработување.

“Чест ни е и задоволство што Vrabotuvanje.com станува дел од Alma Career и MojPosao мрежата на експерти во огласување на работни позиции и човечки ресурси. Оваа соработка е уште еден доказ дека изминатите 14 години се движевме во вистинската насока. Им благодариме на Alma Career и особено на порталот MojPosao што ги препознаа нашата идеја и мисија. Продолжуваме во досегашната насока и веруваме дека заедно ќе бидеме уште поуспешни во улогата на водечки портал за понуда на слободни работни места во Македонија”, вели Дарко Велков, сопственик на Vrabotuvanje.com.

Двете страни се согласни да не се објавува вредноста на трансакцијата.

“MojPosao веќе подолго време успешно ги пласира своите проекти и услуги на странски пазари, а во македонскиот партнер препознаваме можност за ширење на своето работење. Со оглед на значајното искуство во огласувањето на работни позиции и развој на услуги за регрутација, со заеднички сили продолжуваме да го подигаме квалитетот на услуги кон клиентите и корисници, како во Македонија, така и во Хрватска”, изјави Игор Жоња, претседател на управата на компанијата Tau on-line d.o.o., дел од Alma Career групацијата од Финска.

Македонскиот портал Vrabotuvanje.com.mk е основан во 2003 година и неделно има скоро 370.000 посетители.