Хрватски Orbico го презема словенечки Everet

319

orbico

Хрватската дистрибутерска компанија Orbico, во сопственост на Бранко Роглиќ, ја презема словенечката Everet група (вториот најголем дистрибутер за козметика во регионот). По оваа аквизиција, вкупниот годишни приход на Orbico ќе достигне износ од две милијарди евра, а до 2020 година компанијата би требало да има приход од четири милијарди евра, пишува Tportal.

“Имавме многу пријатно, пријателско преземање. Менаџментот на Everet остана ист и ќе помогне побрзо да се интегрира во Orbico Beauty. Ние ќе продолжиме да ги развиваме брендовите што ни ги донесоа. Луѓето се многу професионални и нема да има никакви проблеми во развој на компанијата“, вели Роглиќ.

Компанијата Everet има седиште во Словенија и остварува годишен приход од 33 милиони евра, дистрибуира околу 130 трговски брендови и работи на 12 пазари.