Хрватски пензионери за Агрокор купуваат акции на Меркатор?

45

Хрватските пензиски фондови држат преку 10% од акциите на словенечки Меркатор, коишто интензивно ги купуваа изминатите недели. Акциите во сопственост на словенечка Абанка, акционер во Меркатор, пред неколку дена се продавани по 115 евра, а купени се акции во вредност од 7,2 милиони евра, пишува SEEbiz.eu.

Хрватските пензионери освен на Меркатор, купувале акции и на Крка. Според неофицијални извори до кои дошол Финанце, хрватските пензионери купуваат акции од Меркатор за хрватски Агрокор. Агрокор наводно нема да се јави на евентуална понуда за купување на Меркатор, затоа што е обесхрабрен со се послабото работење на овој најголем словенечки трговец.

Од друга страна, концернот Агрогор и оваа година работни солидно. Во првите месеци пораснале приходите на Конзум, Тисак, Звијезда, Јамница, Вупик, Пик Винковци, а пад бележат само Беље и Ледо, фирми кои работат во рамките на Агрокор.